Вашата кујна од соништата според хороскопскиот знак


Вашата кујна од соништата според хороскопскиот знак

Огнени знаци-Овен, Лав, Стрелец

Вие сте страствени, динамични и темпераментни. Вашата кујна треба да биде со впечатливи бои, разни дезени и текстури. Плотна во „terrazzo“ стил е одличен избор за да се истакне вашиот незапирлив дух.

Земјени знаци-Бик, Девица, Јарец

Вие ги сакате домот, природата и чистотата. Близината со семејството е важна и токму затоа ви е потребна пространа кујна со детали на зелени растенија која ќе ги истакне важните делови од вашиот живот.

Воздушни знаци-Близнаци, Вага, Водолија

Вие не се мачите да бидете скромни. Елеганција и луксуз е вистинскиот избор за вас. Пространа кујна со кристални лустери и плотна со мермерен дизајн е вашиот сон.

Водени знаци-Рак, Шкорпија, Риби

Мирот е на прво место за вас. Вие сте емотивни, но знаете да ја покажете и вашата остра страна. Дрвен дезен со светли тонови на плотна се одличен избор за вас. Земјените тонови ви даваат мир и хармонија, па не пропуштајте да вметнете малку зеленило во просторот.

Здраво. Доколку ви е потребна помош контактирајте не тука.