Декорација во изолација-топ 5 идеи за освежување на вашиот дом


Декорација во изолација-топ 5 идеи за освежување на вашиот дом

Во време кога сите седиме во нашите домови, просторот може да ни станува тесен и загушлив. Затоа е важно да внесеме нешто ново. Ние ви претставуваме неколку идеи за да добиете инспирација и пријатна атмосфера во домот

Направете катче за релаксација

Доколку го имате потребниот мебел, нема ништо подобро од мал простор наменет за вашето слободно време.
Се што ви треба е фотелја неколку перничиња и ќебе. Масичка за да оставите пијалак исто не е лоша идеја. Земете ја вашата омилена книга и уживајте во добро поминато време.

Преуредете го вашиот дневен простор

Нов распоред во вашиот дневен престој ќе даде нов изглед на просторот. Ова е одличен начин да го избегнете чувството на заробените.

Вазна со букет од цвеќиња

Освежете го просторот со малку зеленило. Цвеќето е одличен избор за да го намалите стресот и да се чувствувате попријатно.

Новогодишни светилки

Закачете ги на ѕид или на полици, може да бидат и околу рамка од слика. Доколку имате доволно не е лоша идеја завеса од светилки. Не е нова година но светилките ќе ви пружат релаксирана атмосфера.

Нов мирис во просторот

Мирисот е најсилното сетило на човекот. Седењето дома направете го пријатно со мирисливи свеќи или освежувачи. Доколку сте креативни може да направите и сопствена мешавина од исушени цветни ливчиња.

Здраво. Доколку ви е потребна помош контактирајте не тука.