Како да се водите според Фенг Шуи во вашиот дом-7 начини за постигнување на хармонија во домот


Како да се водите според Фенг Шуи во вашиот дом-7 начини за постигнување на хармонија во домот

Добра идеја е вашиот дом да го исполните со позитивна енергија, токму
тоа ќе го постигнете со фенг шуи. Фенг шуи ја балансира енергијата со
научни пресметувања. Неговата цел е да ја внесе позитивната енергија
во вашиот дом, правејќи баланс и во вашиот живот.


1.Главни позиции во просторот

Еден од најважните принципи се главните позиции. Тука припаѓаат
важните парчиња мебел кои ја претставуваат нашата личност. Креветот
како најважен за спалната соба не би требало да биде поставен така што
кога спиете ќе бидете свртени со грбот спрема вратата. Ова важи за да
се внесе што повеќе позитива во вашиот дом.

2.Внесете вертикала

Не е потребно да поставите ѕид за искачување, но внесување на
вертикални форми и линии ќе му дадат висина и отвореност на просторот.
Ова може да се постигне на различни начини. Поставувањето на лед
светла(каде што светлината ќе оди нагоре) или пак освежување на
просторот со високо растение во аголот се само некои од начините.
Доколку имате просотор поставете високи полици со книги, најбитно е да
работите со параметрите за додавање на висина на просторот.

3.Одржувајте го просторот

Премногу прашина нема да донесе ништо добро за вашето ментално
здравје. Во фенг шуи се верува дека прашината зафаќа многу од
просторот кој и е потребен на новата енергија. Навиката за чистење што
почесто ќе го намали стресот и ќе овозможи да се чувствувате
порелаксирано и продуктивно.

4.Чисто претсобје

Претсобјето е првата просторија која ја гледате кога ќе влезете во
вашиот дом, затоа токму оваа просторија е важна за позитивната
енергија. Според фенг шуи, претсобјето претставува влез на добрата
енергија која влегува во вашиот живот. За да се постигне ова, вашето
претсобје треба да биде чисто. Може да додадете и зеленило или било
што што ќе направи секој да се чувствува добредојден.

5.Отстранете ги пречките

Дали најкористените рути во вашиот дом се слободни за непречен од?
Дали има комода во која се удирате секој ден? Размислете како се
движите во просторот и направете ги овие рути што послободни за
движење.

6.Внесете зеленило

Внесувајќи зеленило внесувате и позитивна енергија. Со растенијата
давате свежина на просторот.

7.Вклучете метал меѓу останатите материјали

Металот е одличен за работната соба бидејќи тој помага со јасност,
остроумност, смирена и балансирана енергија. Исто така може позитивно
да влијае на продуктивноста.

Здраво. Доколку ви е потребна помош контактирајте не тука.