Неколку декорации за празнична атмосфера во домот
Велигден е на самиот праг. Празничната атмосфера оваа година е во нашите домови. Доколку не ја чувствувате, ние ви предлагаме да ги разгледате овие брзи декорации за подобро расположение во вашиот дом.

Велигденски свеќи
Потребана е само лушпа од јајце и мала свеќа. Лушпата треба да има само доволно голем отвор за свеќата, потоа декорирајте ја по желба однадвор. На крај свеќата се става внатре и готови сте!
Балони
Балоните сами по себе се интересни, но доколку ги декорирате како велигденски јајца тие ќе го добијат празничниот дух.
Велигденско дрво
Скршете неколку гранки и ставете ги во вазна, а потоа со конец закачете чоколадни велигденски јајца и вашата декорација е готова.
Декорација на велигденски јајца
Неколку листови хартија во боја, ножички, лепак и офарбани јајца. Се што треба е да направите неколку минијатурни форми од хартијата и да ги залепите на јајцето.
Точкасти јајца
Оваа година се тренд точките, па зошто да не ги внесеме и во велигденската декорација. Со маркер или темперна боја по избор направете мали точки на јајцето и имате „тренди“ велигденски јајца оваа година.
Вазна од јајце
Напавете отвор на живо јајце, истурете ја течноста и ставете мали цветови внатре. Добивате одлична декорација и свежина во домот.