ОДРЖУВАЊЕ НА ПОВРШИНИТЕ ОД ОРНАЛИТ ВО ВАШИОТ ДОМ ИЛИ ДЕЛОВЕН ПРОСТОР


ОДРЖУВАЊЕ НА ПОВРШИНИТЕ ОД ОРНАЛИТ ВО ВАШИОТ ДОМ ИЛИ ДЕЛОВЕН ПРОСТОР

На сите ни се случува додека сме во кујната да истуриме сок, или пак додека готвиме не можеме да го избегнеме прскањето на маслото. Во бањата кога се средуваме секогаш правиме неред… Затоа е битно одржувањето на овие површини, а ние ќе ви дадеме неколку корисни совети.

Секојдневно чистење

Течните дамки е најдобро одма да бидат поминати со сува крпа. Површината треба да се помине со топла вода и мека крпа од микрофибер. Поминувајте со крпата со кружни движења.

Постојани дамки

Иако орналитот не впива течности, доколку се отстрануваат течности како вино, кафе, туш итн. наш совет е површината да се помине со мека крпа и топла вода, а потоа со средство за чистење.

Мијалници и садопери

За најдобро одржување на мијалниците и садоперите препорачуваме еднаш неделно да им посветите внимание со средство за чистење.

Здраво. Доколку ви е потребна помош контактирајте не тука.