Совети за правилно организирање на вашата кујна


Совети за правилно организирање на вашата кујна

Извадете се и исчистете

Испразнете ги сите елементи и ставете ги работите на видливо место. Размислете што ви
е потребно и каква намена има. Ова може да биде тешка задача затоа одвојте ги
предметите во три посебни групи(отпад, донација, задржување).

Темелно чистење

Бидејќи сите елементи во кујната се празни, време е да ги поминете сите елементи со
крпа.

Дефинирајте зони

Пред да започнете со враќање на предметите, распределете ги елементите на зони за
распоредување.

Зона 1: Секојдневна употреба(лесен пристап, блиску до машина за садови)
чинии, чаши, шољи, прибор за јадење
Зона 2: Прибор за готвење
Зона 3: Остава
закуски, зачини…
Зона 4: Додатоци и складирање(блиску до фрижидер)
алуминиумска фолија, кеси за замрзнување…
Зона 5: Под садопер
крпи за чистење, средство за садови, кеси за ѓубре…

*Истите правила важат и за распоредување на фрижидерот.

Правилно позиционирање

Кога веќе знаете кој предмет каде да го сместите, размислувајте како треба да биде
позициониран. Предметите кои ги користите најчесто, чувајте ги на висина на окото. Тие
кои ги користите повремено, позиционирајте ги на повисоки места.

Продолжете понатаму

По еден месец доколку забележите зони во кои не ви одговара тој распоред, направете
нов.

Здраво. Доколку ви е потребна помош контактирајте не тука.