Трендови во внатрешното уредување-Сезона есен/зима 2020


Трендови во внатрешното уредување-Сезона есен/зима 2020

Есента официјално е тука. Со тоа и есенските тонови се враќаат по улиците, но не прават исклучок и за ентериерот. Во продолжение ви ги прикажуваме трендовите за оваа сезона.

1. “Не-бели“ кујни

Иако белите кујни се постојан и класичен тренд, “не-белите“ кујни оваа сезона ги добиваат своите пет минути. Само замислете ги природното дрво, црните површини и акцент на вибрантна боја во една кујна.

2. Ретро акцент

Доколку имате стара машина за шиење, ламба, вазна или пак грамафон, не се двоумете дали да го поставите во дневниот простор. Дефинитивно ќе биде освежување навраќајќи се во времето.

3. Неутрални тонови

Неутралните тонови никогаш не излегуваат од мода. Тие ни даваат смиреност и хармонија во просторот. Оваа сезона сивите тонови се издвојуваат посебно.

4. Целосно мермерна бања

Мермерен дезен во бањата е одличен избор. Тој го отвара просторот и дава луксузен изглед на бањата.

5. Ѕидни панели

Ѕидните панели се супер заштита за места на кои се готви, јаде и прави неред. Лесни се за одржување. Се што треба да направите е само да поминете со крпа. На следниот линк може да погледнете дезени од материјалот Орналит: https://ornamaks.com.mk/paleta-na-boi/

6. Висок контраст

Високиот контраст продолжува со своето владеење. Доколку сте расположени за малку контраст во вашиот простор, размислете за ситни црни детали како декоративни панели на вашата кујна.

Здраво. Доколку ви е потребна помош контактирајте не тука.