Уредување на просторот во новата година-трендови 2021


Уредување на просторот во новата година-трендови 2021

Преостанаа уште неколку денови од оваа година. Време е за нови почетоци во новата 2021. Затоа ние ви претставуваме како да го уредите вашиот дом во новата година и да добиете „trendy look“.

1. Светло дрво

Инспирирани од скандинавскиот стил, светлото дрво оваа година ќе биде тренд не само за подовите, туку и за ѕидовите и останатиот плочест мебел.

2. Сива боја

Сивата боја како неутрална е одлична за уредување на елегантен и модерен простор.

3. Модерно и рустично

Овој микс на модерното и демоде ќе биде тренд за 2021 година. Живот во двата света.

4. Индустриски стил

Дрвото, металот и дезенот на бетон од материјалот Орналит се најдобрата комбинација за да го истакнете овој стил.

5. Јапанди стил

Јапанди стилот е микс од скандинавскиот и јапонскиот стил. Со овој стил во вашиот простор преовладува минимализмот, белите површини, чисти линии и многу светлина.

6. Детали во боја

Иако неутралните тонови се совршени за мир и релаксација, тоа не значи дека треба да ја заборавиме бојата. Оваа 2021-ва година не се плашете да внесете некои мали детали во боја. Добар избор е син тепих кој дава острина на просторот или пак жолти перничиња кои даваат свежина на истиот. Мијалник во боја е одличен избор за вашата бања.

Здраво. Доколку ви е потребна помош контактирајте не тука.