Кујнски плотни

Posted By System Administrator In Производи On јуни 23, 2016 0 Comment 7344 Hit

Oрналитот имплементиран во една модерна кујнска плотна одушевува со својот храбар дизајн, елитен изглед и висок квалитет и отпорност.

Од ОРНАЛИТ се создаваат цели кујни, маси, мијалници, кади, шанкови, пултови, не само кујнски плотни. Меѓутоа, орналитот имплементиран во една модерна кујнска плотна одушевува со својот храбар дизајн, елитен изглед и висок квалитет и отпорност. Морате да го поседувате за да се уверите.

Клучно е и да се напомене дека овој тип на материјали, односно ОРНАЛИТ плочите не впиваат никакви течности, односно никаква течност неможе да навлезе во материјалот! Токму затоа, се што ќе се истури врз површината се брише со обична сува крпа, па орналитот преставува совршен материјал од кој ќе се искреира кујната или бањата од вашите соништа!

Предности на производот во споредба со другите материјали кои се употребуваат за овие намени:

  1. Лесна монтажа
  2. Одлична и подобра замена за дрво, медијапан, керамика, стакло или метал
  3. Лесно се одржува
  4. Овој материјал (производ) е целосно водоотпорен
  5. Исклучителна отпорност на бази и киселини и секакви хемиски средствва за чистење и дезинфекција
  6. Невпива маснотии
  7. Поседува топлинска отпорност и до 110°C
  8. Докажан антибактериски производ
  9. Не спроведува струја
  10. Лесен за репарација и за одржување


Comments


Leave your comment