Облоги

Posted By System Administrator In Производи On јуни 27, 2016 0 Comment 2287 Hit

Чист, софистициран дизајн, смела изработка и врвен квалитет. Тоа се главните карактеристики на секоја облога од тимот на Орнамакс.


Облогите произведени од орналит
се број 1 избор на секој модерен дизајнер, архитект, декоратер на ентериер и на секој индивидуален клиент ширум светот. Прекрасна заштита, а воедно и декорација за секоја изработка, секој објект, секој агол.

ОРНАЛИТ плочите како композити, или композитни материјали, креираат една импресија на природен мермер и на гранит. Со површинска обработка, ОРНАЛИТ плочите се доведуваат до 3 крајни ефекти и тоа: мат, полумат и сјај. ОРНАЛИТ плочите со хомогена врска со специјални бондови можат да формираат разни форми, должини и ширини. Многубројните колоритни решенија ќе го задоволат вкусот на секој клиент и иако ова е само мал дел од нашата неограничена понуда, доколку сакате реализација на ваша идеја, проект, желба, слободно исконтактирајте не. Ваше е само да посакате, останатото препуштете ни го Нам!

Клучно е и да се напомене дека овој тип на материјали, односно ОРНАЛИТ плочите не впиваат никакви течности, односно никаква течност неможе да навлезе во материјалот! Токму затоа, се што ќе се истури врз површината се брише со обична сува крпа, па орналитот преставува совршен материјал од кој ќе се искреира кујната или бањата од вашите соништа!

Предности на производот во споредба со другите материјали кои се употребуваат за овие намени:

  1. Лесна монтажа
  2. Одлична и подобра замена за дрво, медијапан, керамика, стакло или метал
  3. Лесно се одржува
  4. Овој материјал (производ) е целосно водоотпорен
  5. Исклучителна отпорност на бази и киселини и секакви хемиски средства за чистење и дезинфекција
  6. Невпива маснотии
  7. Поседува топлинска отпорност и до 110°C
  8. Докажан антибактериски производ
  9. Не спроведува струја
  10. Лесен за репарација и за одржување


Comments


Leave your comment