Од идеја до посакуваното парче мебел со тимот на Орнамакс

Posted By Орнамакс Администратор In Производи On ноември 23, 2019 0 Comment 273 Hit

Почитувани клиенти, идни клиенти и наши читатели во овој пост сакаме да ви ги претставиме сите позиции кои нашиот тим може да ги сработи до оформување на вашите идеи, желби и комфорт. Како прво, секако првиот чекор би бил од ваша страна, да не контактирате. После остварениот контакт на коишто ќе договориме како и каде ќе ја направиме нашата средба на којашто ќе ги договориме првите детали околу тоа што ви е потребно какви материјали посакувате и првичната слика за изработка на проектот од страна на нашите архитекти. Следниот чекор би бил состанок во нашите простории каде што ќе ви бидат претставени идејните решенија за вашиот простор. Тука ќе подискутираме за секое парче мебел и детал којшто ќе биде дел од вашиот ентериер и ќе ги донесеме правилните одлуки во однос на вашите потреби на живот. Со дефинирање на деталите и потврдување на финансиската понуда дадена од наша страна према вас започнува изработката на најквалитетниот мебел од страна на висококвалификуваните мајстори за мебел од нашиот тим. Без да ве убедуваме проверете сами и добијте едно возвишено чувство при создавањето на вашиот дом, деловен простор и било кој друг ентериер, поточно добијте искуство од вистинските познавачи на ентериерните уредувања.



Comments


Leave your comment