Инвестиција во човечки капитал и инвестиција во услови за творење на човекот се чини е формулата за успех. Научникот се надградува во своето знаење за да ја зголеми својата креативност, својата иновативност, а за таа креативност да дојде до израз значаен фактор се и условите во кои работи и каде ги создава своите дела.
Затоа важно е да се разбере нивната меѓусебна поврзаност и синергија. Едното да го следи другото и тој круг треба постојано да се одржува и да биде континуиран, а тоа ќе значи нови иновации, нови вредности, севкупен развој.
Науката е значаен двигател на општеството. Условите ги дефинираат креаторите на политиките, реализацијата е доверена на економските оператори, а заедничкиот труд е во функција на науката. Ваквата теза во пракса значи созадавање современи и модерни услови за творење, кои преку конкретна соработка на науката и бизнис заедницата стануваат реалност.
Таков пример е Лабораторијата на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје каде креативните „умови“ имаат нови современи услови за професионално извршување на својот ангажман, а дел од работите беа доверени на тимот на „Орнамакс“ преку изработка на работните површини од материјалот „орналит“ чии карактеритики беа препознаени и целосно се вклопија во замислената функционалност на просторот.
Антибактериските особини,водоотпорноста, отпорноста на хемикалии, хемиски реакции се само дел од адутите на овој производ кои споени во него како целина совршено одговорија на барањата за овој простор.
Дополнително покрај отпорноста во себе содржи и други караткеристики кои му даваат предност а тоа е можноста да се игра со дизајнот и барањата на клиентот. На крајот, а не помалку важно, е и професионалниот однос кон работата и реализацијата на проектот, за што беше изразена благодарност и доделена Благодарница до нашиот тим од страна на Институтот за хемија.
Ова за нас и нашиот тим и нашите напори што ги вложуваме во извршување на задачите што ни ги доверуваат клиентите е големо признание и поттик да продолжиме понатаму со уште поголем поттик во подобрување на нашите услуги. Големо благодарам до Институтот за хемија кој ни овозможи да бидеме партнер во реализацијата на еден ваков значаен проект.
„Орнамакс“ е присутна на пазарот повеќе од 20 години со континуиран раст и развој, прилагодувајќи се кон барањата на пазарот и потребите на потрошувачот. Големиот број проекти во комерцијални и индивидуални објекти се показател на нашата мисија и визија.
Предплати се за бесплатни известувања
Praesent nec ex eget nulla porttitor cursus. Orci varius natoque penatibus et magnis dis parturient montes, nascetur ridiculus mus. Nunc ac imperdiet lectus. Etiam vestibulum nunc orci, ut ultrices tortor placerat at.
* Кликни тука за подетална Политика на Приватност