Нашата мисија – задоволен клиент, квалитетна услуга и навремена испорака.

На реализција на проектите за внатрешно уредување работи тим од над 20 вработени во кои се споени младиот дух и искуството на оние што се во компанијата од нејзините почетоци.

Орнамакс Дизајн Студио е првиот чекор каде ги слушаме вашите потреби.
Вториот чекор е изработка на идејно решение.
Третиот чекор е неговата реализација.

Изработка на мебел е втората алка во синџирот на реализација на проектот. Се користат квалитетни материјали, кои грижливо се избираат заедно со вас согласно вашите потреби и функцијата што треба да ја извршуваат.

Третата алка, која иако последна ја претставуваме е нашата најсилна карика, а тоа е нашето производство на Орналит, единствен во нашата држава и целосно домашен производ. Со него може да одговориме и на најспецифичните вкусови. Може да играме во формата, да избираме боја во широката палета, да комбинираме и да го вклопиме овој материјал во многу позиции во внатрешното уредување, како кујнски плотни, шанкови, тоалети, маси, облоги за ѕидови, парапети…

Неговите позначајни карактеристики се 100% воодоотпорност и антибактириска површина со што го прави незаменлив во кујнскиот простор, во бањата, но одлично се вклопува и во другите делови од просторот кој се уредува давајќи впечатливост на изработката. Базно и киселинската отпорност како карактеристика го прави применлив и во лаборатории за чисти соби,техничко-испитни пултови за работа во медицински установи и секаде каде што има потреба од водоотпорност,антибактериска и базно киселинска резистентност.

Дополнително неговата уникатност се отсликува и во лесното и едноставно одржување, и можноста за репарација.

Со посветеност на развојот на компанијата и ориентирани кон потребите на пазарот и барањата на потрошувачот Орнамакс опстојува успешно повеќе од 25 години. Почнува со идејата на двајца млади со претприемачки дух, да ја реализираат желбата да развијат процес на производство на Орналит – композитен материјал. За 25 години бележиме континуиран раст прераснувајќи во компанија која е пропознатлива по квалитетна изработка и почитување на роковите. Многу проекти во индивидуални објекти, но и јавни се показател за нашата мисија.

Остануваме посветени на остварување на својата мисија и во иднина, инвестирајќи во развојот на нашата компанија и во развојот на нашите вработени. Тоа е клучот на нашиот успех.

Тимот на Орнамакс