Skip to content
Орнамакс - Се за вашиот Дом
  • ДОМА
  • ЗА НАС
  • ПРОЕКТИ
  • УСЛУГИ
ЗАКАЖЕТЕ БЕСПЛАТНА КОНСУЛТАЦИЈА
Блогornamakscom2024-12-03T02:50:01+00:00
  • Трендови во внатрешниот дизајн кои не очекуваат во 2025 година

    ПРОЧИТАЈПРОЧИТАЈ
  • Еволуцијата На Композитните Материјали: Од Традиционални До Високотехнолошки Материјали

    ПРОЧИТАЈПРОЧИТАЈ
  • 5 прашања кои треба да си ги поставите кога одбирате кујнска плотна

    ПРОЧИТАЈПРОЧИТАЈ
  • Стилски водич: Истражување на различни стилови за внатрешен дизајн

    ПРОЧИТАЈПРОЧИТАЈ
12Next

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Дали изработувате мебел по мерка?

Секако! Ние сме специјализирани за изработка на мебел по мерка, прилагоден на вашите специфични барања и потреби. Можеме да работиме според вашиот постоечки проект, а доколку немате подготвен проект, нашиот тим на архитекти и дизајнери ќе изработи уникатно и функционално решение. Откако проектот ќе биде одобрен, пристапуваме кон реализација на мебелот со највисок квалитет и внимание на деталите, обезбедувајќи резултати што совршено ќе се вклопат во вашиот простор.

Дали изработувате проект за мебел по мерка?

Секако! Нудиме професионална услуга за изработка на идејни решенија и проекти според вашите желби и потреби. Нашиот процес вклучува:

– Идејно решение: Подготвуваме AutoCAD скици придружени со предлози за соодветни материјали.

– Детален проект: Покрај AutoCAD скиците и предлозите за материјали, изработуваме и фотореалистични 3D визуализации за да добиете јасна претстава за финалниот изглед на просторот.

Со нашите услуги, ќе го добиете најдоброто решение што ќе се усогласи со вашиот стил и простор, со посветеност на највисоките стандарди за квалитет.

Дали изработувате 3D проект за мебел по мерка?

Секако! Изработуваме 3D проекти прилагодени на вашите специфични потреби и барања. Овие 3D визуализации се креираат со цел да ви помогнат појасно и подетално да ја замислите интеграцијата на проектот во вашиот простор. Со реалистичен приказ на дизајнот, боите и материјалите, ќе добиете јасна слика како финалниот резултат ќе изгледа.

Дали изработувате мијалници по мерка?

Нудиме изработка на четири модели на умивалници по мерка: Pir, Pegas, Blan, и уште еден модел што е во согласност со вашите барања. Секој модел е дизајниран да го комбинира функционалноста со естетиката, создавајќи идеално решение за вашиот простор.

За повеќе информации, вклучувајќи детали за материјалите, димензиите и опциите за прилагодување, кликнете ТУКА и откријте ги сите можности што ги нудиме.

Дали изработувате кујнски плотни по мерка?

Да, изработуваме кујнски плотни по мерка, прецизно прилагодени на вашите потреби и дизајн на просторот. Користиме висококвалитетни материјали и современи техники за да обезбедиме долговечност, функционалност и естетика. Без разлика дали ви е потребен класичен, модерен или уникатен стил, нашите решенија се осмислени за совршено да се вклопат во вашиот дом.

Дали имате повеке декори од орналит производите?

Да, нудиме широк спектар на Орналит декори, со богата палета на бои, текстури и финиши. Ваше е само да го изберете декорот кој најдобро одговара на вашиот вкус и визија, а ние ќе го претвориме во уникатен и функционален производ, изработен со највисок квалитет и внимание на деталите.

За да го прегледате каталогот на орналит производите кликнете ТУКА

Каде може да се видат повеќе слики од орналит умивалниците?

Може да видите повеќе во каталогот на орналит производи.

За подетални информации кликнете ТУКА за да ги прегледате подеталните информации за мијалниците.

Каде може да се видат орналит производите?

Може да видите повеќе во каталогот на орналит производи или да го посетите нашиот салон на адреса: 1523 Number 14, Скопје, Пинтија.

За подетални информации кликнете ТУКА.

Кои се главните услуги на орнамакс?

Главните услуги на Орнамакс опфаќаат:

– Производство на композитен материјал Орналит: Наш уникатен материјал, познат по својата издржливост, флексибилност и естетика, идеален за различни примени.

– Целосно ентериерно уредување: Нудиме комплетни решенија за уредување на ентериери, вклучувајќи стамбени простори и јавни објекти. Нашиот тим ги трансформира вашите идеи во функционални и стилски простори, прилагодени на вашиот вкус и потреби.

Со нашата посветеност на квалитетот и дизајнот, создаваме простори што инспирираат.За подетални информации кликнете ТУКА.

Кои е процесот за уредување на мебел по мерка?

Прва фаза: Се закажува состанок со клиентот и се добиваат првичните информации.

Втора фаза: Доколку клиентот има проект се изработува понуда за истиот и доколку понудата е во ред, се зимаат мерки од просторот и во договорениот рок се изведува монтажата.

Доколку клиентот нема проект, се прави понуда за изработка на проект идејно решение и врз база на прифатената понуда се зимаат мерки од просторот, и се изготвува проект па врз основа на проектот се изготвува понуда за изведба на мебелот.

За подетални информации исконтактирајте го тимот на орнамакс на +389 71 797 055 или +389 70 401 166

Кои се производи може да се изработат од материјалот орналит?

Материјалот Орналит наоѓа широка примена во делот на ентериерно уредување. Од материјалот орналит може да се изработат; зидни облоги, кујнски плотни, умивалници, пултови, шанкови, садопери, трпезариски и клуб маси.

КОНТАКТ

1523 Number 14 | 1000 Skopie, North Macedonia

ornamaks@yahoo.com

ЛОКАЦИЈА

СЛЕДЕТЕ НЕ

Ornamaks © 2025 | ornamaks.com.mk | Сите права се задржани.

Политика за приватност

Page load link
Go to Top