Последна ажурирање: 13.02.2024
- Вовед
Ви благодариме што го посетивте нашиот веб-сајт. Оваа Политика на приватност објаснува како Ние, Друштвото за производство, трговија и консалтинг ОРНАМАКС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со седиште на ул. 1523 бр. 14, Скопје – Кисела Вода, собираме, користиме и обработуваме информации кои ги обезбедувате додека го користите нашиот веб-сајт. Користењето на нашиот веб-сајт подразбира согласност со условите и одредбите на оваа Политика на приватност.
- Информации кои ги собираме
Не собираме лични податоци, освен ако таквите податоци не ни ги обезбедите експлицитно. Информациите што се собираат се ограничени на не-лични податоци како IP адреса, тип на прелистувач и информации за уредот, кои се автоматски собирани преку Google Analytics за целите на анализа на посетата на веб-сајтот.
Доколку сакате да ја исклучите оваа опција, тоа можете да го направите преку поставките на Вашиот прелистувач преку кој пристапувате до страната.
Ако не сакате Google Analytics да се користи во вашиот прелистувач, исто така постои опција на Вашиот прелистувач да го инсталирате додатокот за прелистувач на Google Analytics кој го прави тоа за Вас. Повеќе за овој додаток можете да најдете на следниот линк: https://tools.google.com/dlpage/gaoptout.
- Google Analytics
Користиме Google Analytics, услуга за уеб-анализа обезбедена од Google, Inc. Google Analytics користи колачиња за анализа на начинот на интеракција на корисниците со нашиот веб-сајт. Информациите генерирани од колачињата за користење на веб-сајтот се пренесуваат и чуваат од страна на Google. Овие информации се користат за статистички цели за подобрување на нашиот веб-сајт и обезбедување на подобро корисничко искуство. Google Analytics не собира лични информации.
За повеќе информации за Google Analytics и неговите практики за приватност, посетете Политика за приватност на Google Analytics.
- Messenger и Instagram Chat Box
Можеме да нудиме прозорци за комуникација и одговор на Вашите прашања во врска со производите од нашиот асортиман преку чет (chat box) од Messenger и Instagram. Овие алатки ги користиме исклучиво за цели на комуникација со Вас како посетители на страната и идни купувачи на нашите производи. Сите информации споделени преку овие платформи се подложни на соодветните политики за приватност на Facebook (за Messenger) и Instagram. Немаме контрола врз податоците собрани од овие платформи и ви препорачуваме детално да ги прегледате нивните политики за приватност.
- Колачиња
Нашиот веб-сајт користи колачиња за подобрување на вашето искуство при прелистување. Можете да изберете да ги прифатите или одбиете колачињата преку поставките на вашиот прелистувач. Ве молиме, имајте предвид дека откажувањето на колачињата може да влијае на функционалноста на веб-сајтот.
- Безбедност
ОРНАМАКС во своето работење се грижи и презема разумни мерки за безбедност за заштита од неовластен пристап, измена, откривање или уништување на личните податоци.
- Вашите права како Субјекти на лични податоци
а) Право на потврда
Како Субјект на лични податоци (корисник, иден купувач или посетител) имате право да добиете потврда од ОРНАМАКС дали ги обработуваме Вашите лични податоци.
б) Право на пристап
Во секое време, бесплатно имате право да добиете информации од ОРНАМАКС за Вашите лични податоци, како и копија од овие податоци.
в) Право на исправка
Имате право да добиете исправка на вашите неточни лични податоци без непотребно одложување. Земајќи ги предвид целите на обработката, имате право да ги дополните нецелосните лични податоци.
г) Право на бришење („Право да се биде заборавен“)
Имате право да барате бришење на вашите лични податоци без непотребно одложување. Ние сме должни да постапиме по ваквото барање ако е исполнет еден од следните услови:
Личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои се собрани или за кои се обработуваат;
Сте ја повлекле согласноста на која се заснова обработката, а не постои друга правна основа за обработка;
Сте приговарале на обработката;
Обработката на личните податоци е незаконита;
Постои законска обврска за бришење на личните податоци;
д) Право на ограничувања за обработка
Имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци, доколку е исполнет еден од следниве услови:
ја оспорувате точноста на личните податоци, за период кој ќе ни овозможи да ја провериме нивната точност;
обработката е незаконита, но се спротивставувате на бришењето на личните податоци, а наместо тоа бара ограничување на нивната обработка;
ОРНАМАКС нема повеќе потреба да ги обработува вашите лични податоци, но вам ви се потребно за воспоставување, остварување или одбрана на вашите правни барања;
Приговарате на обработката, во очекување на верификација дали нашите легитимни интереси преовладуваат над вашите интереси.
ѓ) Право на приговор
Имате право да поднесете приговор до ОРНАМАКС, против обработката на вашите лични податоци. Во случај на приговор, доколку Вашето барање е основано и во согласност со прописите за заштита на личните податоци, повеќе нема да ги обработуваме вашите лични податоци.
е) Право на повлекување согласност за заштита на податоците
Согласноста за обработка на вашите лични податоци, имате право да ја повлечете во секое време.
Доколку сакате да остварите некое од вашите права, може да не контактирате во секое време на:
Телефон: (+389) 70 401 166
Е-маил адреса: info@ornamaks.com.mk
Офицерите за заштита на личните податоци ќе постапат по барањето без одлагање.
- Право на поднесување барање до Агенција за заштита на личните податоци
Доколку сметате дека личните податоци не ги обработуваме согласно ЗЗЛП можете да се обратите до:
Агенција за заштита на личните податоци бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 Скопје
web: https://www.dzlp.mk/
e-mail: info@privacy.mk
- Промени во оваа Политика на приватност
Оваа Политика на приватност може да претрпи одредени промени во иднина, кога вршиме измени и ажурирање во нашите практики или поради други оперативни, правни или регулаторни причини. Од овие причини Ве молиме, редовно прегледувајте ја оваа политика за да се запознаете со најновите измени и ажурирања.
- Контакт информации
Доколку имате било какви прашања или загрижености поврзани со оваа Политика на приватност, ве молиме контактирајте не на Телефон: (+389) 70 401 166 Е-маил адреса: info@ornamaks.com.mk
или контактирајте го Офицерот за заштита на личните податоци на (+389) 70 483 828.