Комерцијален Проект

Smash Burger

Дизајн и изработка на мебел по мерка за јавен објект – ресторан за брза храна

Дизајн и изработка на шанк од Орналит

Реализација : Ornamaks

Реализирано во проектот: шанк

скопје, македонија
2024

„Smash Burger“ се издвои како ново урбано катче за љубителите на брзата храна, кое покрај автентичниот вкус на smash бургери, нуди и модерен ентериер кој рефлектира урбан и топол карактер. Просторот е организиран со јасна функционална поделба, во која шанкот претставува централна точка, истовремено служи како работна површина и визуелен акцент на просторијата. Осветлувањето е дискретно интегрирано, нагласувајќи ги текстурите и материјалите, а подот од дрвен декор внесува чувство на топлина во целиот амбиент.

Функционалност и дизајн

Шанкот, кој беше во целост дизајниран и изработен од нашиот тим, е комбинација на модерни линии, заоблени форми и прецизно избрани материјали. Завршната плотна од орналит не само што е естетски впечатлива со својот чист изглед и рефлективна површина, туку и практична — отпорна на гребење, лесна за одржување и идеална за високофреквентни простори. Деталите на предната страна од шанкот, со вертикални дрвени штафни и скриено LED осветлување, додаваат длабочина, притоа создавајќи пријатна атмосфера и современ изглед.

98м2

Опремени

„Шанкот е срцето на просторот – комбинација на функција, дизајн и атмосфера која го дефинира целото искуство во Smash Burger.“

Ornamaks

„Завршната плотна од орналит не е само визуелно впечатлива, туку и практичен избор за секојдневна употреба.“

„Најголем предизвик беше да создадеме совршена хармонија меѓу заоблените форми, вертикалните линии и амбиенталното осветлување – но токму тие детали ја прават разликата.“

Имате проект во кој ви се потребни нашите услуги?

Со нашата посветеност на квалитет, уникатност и внимание на детали, вашиот простор ќе стане вистинско ремек-дело. Дозволете ни да создадеме атмосфера која ги надминува вашите очекувања и инспирира незаборавни моменти.

ИНОВАТИВНОСТ

Нови технологии, нови можности иновативниот пристап на нашите архитекти ги реализира и вашите најлуди идеи.

ПРЕЦИЗНОСТ

Вредност по која се водиме, секоја работа мора да биде завршена на време, прецизно и квалитетно.