ОРНАЛИТ

твоите идеи добиваат форма! Уникатно. Прецизно. Без компромиси.

ШТО Е Орналит?

Како 100% домашен производ, што е тоа што го прави орналитот уникатен?

ДИЗАЈНИРАЊЕ

„Орналит“ е нашиот бренд со широка примена во внатрешното уредување.

Припаѓа во групата “Solid surface“ синтетички материјали, коишто се непорозни, отпорни и даваат голема можност за дизајнирање различни облици и долг рок на траење. Нудат беспрекорен изглед, лесни за одржување, отпорни на дамки и имаат можност за неограничено обновување.

Покрај флексибилноста што ја нуди во изработката на формата, достапен е и може да се изработи во широк спектар на бои и дезени. Односно неговите карактеристики овозможуваат реализација на огромен број идејни решенија во внатрешното уредување.

ИЗРАБОТКА

Можноста да се изработи во дизајн кој е веродостоен и дава огромна можност на дизајнерите во креирање различни стилови без дополнително одржување.

Со изборот на „Орналит“ се грижиме и за заштита на природата и природните ресурси, бидејќи е изработен од мешавина од акрилни, полиестерски и епоксидни смоли.

Можностите на „Орналит“ во внатрешното уредување:

1. Беспрекорен изглед – нема видливи споеви, создавајќи континуирана површина,

2. . Термоформирање – Може да се обликува во најразлични форми за уникатни дизајнерски решенија.

3. Разновиден дизајн – Достапен во широк спектар на бои и текстури.

Предности на Орналит во внатрешното уредување:

1. Лесен за одржување – не впива течности, спречува развој на бактерии.

2. Непорозен – отпорен и издржлив и има долг рок на траење.

3. Обновлив и репаратативен – дава можност за брзо и едноставно отстранување на површинските вдлабнатини(гребнатини).

Не постојат граници за неговата примена, се обликува во секакво идејно решение. „Орналит“ е изборот во внатрешното уредување заради неговата неограниченост во формата, дезенот, одржувањето, издржливоста, можноста за обновување.

КАРАКТЕРИСТИКИ

Неговата издржливост и беспрекорниот естетски изглед го прави применлив во секаков вид објект за семејно домување, комерцијални објекти, административни, јавни објекти и слично.

Непорозноста, лесното одржување и отпорноста се карактеристики кои одговаараат за изработка на кујнски плотни, мијалници и садопери, тоалети и ѕидни облоги. Обликувањето во најразлични форми дава одговор за идејни решенија во комерцијални објекти, како хотели, болници, продавници, ресторани, приемни пултови, мебел, кујни во ресторани и хотели и слично. Заради можноста за обновување и отпорноста на дамки е соодветен избор за маси каде што има голема фреквенција како ресторани, потоа шанкови, површини кои бараат високо ниво на хигиена како што се здравствени установи, лаборатории и слично.

Можноста да се изработи во дизајн кој е веродостоен и дава огромна можност на дизајнерите во креирање различни стилови без дополнително одржување.

галерија на производи и

идејни решенија од орналит

еден клик до перфектниот дизајн

КАРАКТЕРИСТИКИ

Зошто е орналитот добар и кој добри страни ги има?

ВОДООТПОРНОСТ НА ОРНАЛИТОТ

Неговата 100% водоотпорност гарантира долготрајност и издржливост, дури и во средини со висока влажност како кујни и бањи.

ХЕМИСКА ИЗДРЖЛИВОСТ

Антибактериската површина претставува значајна карактеристика, овозможувајќи хигиенска и безбедна употреба, особено во здравствени установи и лаборатории. Отпорноста на бази и киселини го прави погоден за технички работни пултови и простории каде што се бара висока хемиска стабилност.

ОДРЖУВАЊЕ И РЕПАРАЦИЈА

Покрај функционалните придобивки, орналитот е лесен за одржување и репарација, што дополнително ја зголемува неговата вредност и практичност. Со својата флексибилност во боја и форма, овој материјал не само што обезбедува функционалност, туку и додава елеганција и стил во секој простор.

НАРАЧКИ

За да нарачата производ изработен од орналит,
све што треба да направите е да ни се јавите на долунаведениот телефонски број
и тимот на орнамакс ќе ве услужи во најбрз временски рок.