5 ПРАШАЊА КОИ ТРЕБА ДА СИ ГИ ПОСТАВИТЕ КОГА ОДБИРАТЕ ПЛОТНА ЗА ВАШАТА КУЈНА

Одбирањето на нова плотна може да биде збунувачко.

Сите сакаме да го направиме правилниот избор кога станува збор за парче кое игра важна улога во секојдневниот живот. Плотната сакаме да биде естетски привлечна но и корисна и да ги задоволува сите потреби на едно домаќинство. Кога станува збор за изборот, ова се 5те прашања кои ќе ви ја олеснат целата работа.

1 За што ќе ја користите?

Секое домаќинство има различни потреби. Да земеме за пример дека готвењето во главно ќе биде ваша обврска, но тука се вашите две деца кои во текот на денот знаат сами да припремат нешто. Тие може да бидат невнимателни, па можеби нема да ве загрижат гребнатинки на плотната, но дамките би претставувале проблем.

2 Колку одржување ќе биде потребно?

Секој материјал има свои позитивни но и, негативни страни. Кога зборуваме за одржување на плотната, некои материјали бараат повеќе нега од другите. Мермерот и гранитот може да ги ставиме во категоријата која бара повеќе нега. Тие имаат потреба да се импрегнираат барем еднаш годишно. Плотните од дрво побаруваат посебна нега со органски масла додека материјалот Орналит може да го ставиме во повисоката категорија. Материјалот Орналит има потреба од освежување-полирање на површината статистички гледано околу шестата година во зависност од неговото користење, кога плотната од Орналит повторно ќе блесне како нова. Доколку негата на плотните не ви претставува најголемо задоволство ова е правилниот избор за вас.

3 Кои се вашите побарувања?

Изборот ќе ви стане полесен доколку имате идеја колку површина ви е потребна, знаете кои бои се пријатни за вашето око, дали сакате антибактериска површина, можеби вашата одлука ќе биде пресудна поради моноблок системот кај некои материјали како што е Орналит,… Тука игра улога и просторот со кој располагате секако, но со различните модерни дизајни може да се пронајде вистинското решение за вас.

4 Кој материјал е најдобриот избор за вас?

Доколку дизајнот на плотната игра голема улога во изборот на вашата плотна, естетиката не смее да се занемари. Иако дизајнот на плотната е важен, мора да се внимава и на квалитетот кој таа го нуди. Би било штета да нарачате бела мермерна плотна која нема да ги издржи предизвиците на готвењето. Затоа најдобар избор за вас би бил композитниот материјал Орналит или некои од модерните материјали кои може да ја понудат истата убавина која вклучува и квалитет.

5 Колкав е вашиот буџет?

Различните материјали имаат и различна цена. Погледнете го планираниот буџет, но наш совет е прво да го најдете соодветниот материјал за вас. Кога станува збор за реновирање секогаш имаме и непланирани трошоци, но добро размислете дали сакате вашата плотна да биде долготрајна или сте спремни да се соочите со сите предизвици.