„Terrazzo“ стилот владее во ентериерот оваа година-дел од „Terrazzo“ колекцијата на Орнамакс


„Terrazzo“ стилот владее во ентериерот оваа година-дел од „Terrazzo“ колекцијата на Орнамакс

Terrazzo стилот оваа година го направи својот „comeback“ надоградувајќи ја својата употреба. Од преубавите подови изведени во терацо, сега се искачуваме една скала погоре. Терацо стилот оваа година зазема улога и во ентериерот. Може да биде во форма на кујнска плотна, тоалетна плотна, терпезариска маса, декоративни елементи па сретнуваме и ѕидни облоги. Во продолжение ви претставуваме наши производи од колекцијата „Terrazzo“.

 

Тоалетна плотна во терацо стил

Нема да згрешите доколку одберете терацо стил за вашата бања. Малку разиграност нема да му пречи на овој мал простор.

Терацо клуб масичка

Терацо клуб масичка или позната кај нас како „Galaxy“ клуб масичка е уникатно парче за да го надополните вашиот простор.

 

Здраво. Доколку ви е потребна помош контактирајте не тука.